Дома Трансфер зона Португалците тврдат: ПСЖ наскоро добива ново засилување

Португалците тврдат: ПСЖ наскоро добива ново засилување

Ренато Санчез наскоро ќе стане нов играч на ПСЖ, пренесува португалскиот О’Жого.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалците тврдат дека 24-годишниот играч ќе дојде на позајмица во францускиот шампион од Лил со обврска за откуп за 10 милиони евра. Лил Санчез го доведе пред три години од Баерн за 20 милиони евра, а Португалецот сега влезе во последната година од договорот со Лил.

Кариерата Санчез ја започна во Бенфика која после одличниот настап на Еуро 2016 го продаде на Баерн за 35 милиони евра.

Санчез во Париз ќе соработува со Кристоф Галтие кој го водеше и во Лил кога тој клуб беше шампион на Франција 2021 г одина. ПСЖ ова лето ги доведе Витињо и Норди Мукиеле, а најголемата работа францускиот шампион ја направи со продолжувањето на договорот со Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…