Дома Трансфер зона Португалските клубови најмногу заработиле од трансфери

Португалските клубови најмногу заработиле од трансфери

Португалските клубови имаат најголема заработка од продажба на фудбалери од 2015, па се до денес според податоците кои ги објави Меѓународниот центар за спортски истражувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според податоците португалските клубови заработиле 2,34 милијарди евра. На второ место е англискиот шампионат со заработка од 1,5 милијарди, трета е холандската Ередивизија со 1,49 милијарди, а во Топ пет се бразилската лига (1,47) и аргентинската Примера (1,29).

Од продажбата на фудбалери најголем профит остварил фудбалскиот клуб Бенфика. Во изминатата деценија Бенфика заработила 816 милиони евра.

Клубот од португалската престолнина на листата на CIES ги престигна Ајакс и Салцбург кои заработиле 473, односно 401 милион евра. Во првите 10 се и Лил, Спортиг, Монако, Порто, Брага, Динамо Загреб и ПСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…