Дома Фудбал Португалија ги претстави дресовите за Светското првенство

Португалија ги претстави дресовите за Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Португалија ова лето ќе учествува на СП во Русија, на кое стигнува како актуелен европски првак.

Португалците синоќа официјално ги претставија дресовите со кои ќе настапат на Мундијалот, а во улога на манекен се најде и Кристијано Роналдо.

Новите дресовите не се разликуваат многу од претходните, традиционални дресови во кои сме навикнати да ја гледаме оваа селекција. Производител е, нормално, Најк, кој со фудбалскиот сојуз на оваа семја веќе имаат долгогодишна успешна соработка.

Португалија настапот на СП ќе го започнат од Групата Б, каде ќе се натпреваруваат со Шпанија, Мароко и Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николов го врати Вардар на победите, разликата до Струга падна на пет бода

Вардар славеше со 1-0 кај Арсими и го искористи поразот на лидерот во Кратово. Бобан Никол…