Дома Фудбал Лига на шампиони Порто во големи проблеми: Клучот против Ливерпул ќе го нема

Порто во големи проблеми: Клучот против Ливерпул ќе го нема

Камерунскиот напаѓач денес не тренираше со остатокот на тимот поради повреда на мускулите и неизвесно е дали ќе настапи на мечот против Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Абубакар ги пропушти последните два меча, дербито против Спортинг во Купот на Португалеија и лигашкиот меч против Шавес.

Тој во досегашниот дел од сезоната одигра 28 натпревари и постигна 20 погодоци. Во ЛШ постигна 5 од 15те погодоци на Порто.

Покрај Абубакар, проблем со повредите во Порто имаат и Иван Маркано, Андре Андре и Данило Переира.

Фудбалерите на Порто се непоразени во последните 23 меча во сите натпреварувања, а на свој терен изгубија само еднаш и тоа од Бешикташ во групната фаза во ЛШ.

Португалскиот тим никогаш не славеше против Ливерпул во последните четири средби.

Порто втора година во низа игра во осминафиналната фаза во ЛШ и ќе се обиде да го прескокне овој дел првпат по сезоната 2014/2015.

Од друга страна, Ливерпул сака да стигне до четвртфиналето првпат по сезоната 2008/2009. година.

Натпреварот помеѓу Порто и Ливерпул се игра утре од 20:45 на стадионот Драгао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …