Дома Трансфер зона Поранешниот фудбалер на Челзи открива: Одбив торба полна со пари

Поранешниот фудбалер на Челзи открива: Одбив торба полна со пари

0
mikel

Искусниот фудбалер се потсети на почетоците на својата кариера кога за него интерес покажуваа најголемите европски клубови.

Нигериецот Џон Оби Микел изјави дека еден менаџер на клуб кој не сакаше да именува се обидел да го „украде“ од останатите клубови со тоа што му понудил „троба полна со пари“, пренесуваат денес британските медиуми.

За Џон Оби Микел заинтересирани беа голем број европски клубови, Арсенал, Реал Мадрид и Барселона, беа помеѓу нив. Микел блесна на Светското првенство за играчи до 17 години. Тој во 2005 година беше член на норвешкиот клбу Лин, потпиша привремен договор со Манчестер Јунајтед, но во 2006 година сепак премина во редовите на Челзи.

„Менаџерите ми ветуваа се. Еден од нив дојде во мојот хотел и донесе торба полна со пари Не се сеќавам што кажа и кој клуб го претставува, но се сеќавам на актовката која ја носеше. Во неа имаше 70.000 долари, а таа сума ми ја понуда за потпишам некој договор, пред да ми кажа: Потпиши тука и ќе добиеш многу повеќе“, изјави Микел за „Скај“.

„Бев во искушение. Никогаш во животот претходно немав видено толку пари. Го известив секретарот на Фудбалскиот сојуз на Нигерија, а тој ми кажа да го игнорирам и ми вети дека ќе преминам во најдобриот клуб. После турнирот си заминав дома, а потоа во Абуџа го видов тој секретар кој ми кажа дека преминувам во Манчестер Јунајтед. Мојот татко беше среќен, додека мајка ми плачеше бидејќи заминував толку млад“, открива Микел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…