Дома Фудбал Останато Поранешниот фудбалер на Партизан ја шокираше Звезда во Казахстан! 🎥

Поранешниот фудбалер на Партизан ја шокираше Звезда во Казахстан! 🎥

Во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите Црвена Звезда доживеа шокантен пораз во Казахстан од Каират со резултат 2:1.

Натпреварот донесе две различни полувремиња, во првото доминираа Казахстанците, а во второто шампионот на Србија кој на крајот сепак доживеа пораз.

Домаќинот во натпреварот влезе агресивно и создаваше сериозно шанси уште во втората минута Борјан ги спаси црвен белите со одлична одбрана. Во 24. Минута Каират стигна до водство погоди Канте после корнерот на Сујбајев. Се што Звезда направи во првото полувреме беше шансата на Катаи во 44. Минута.

Во продолжението тимот на Дејан Станковиќ заигра многу подобро и во средината на второто полувреме дојде до изедначнување и тоа со автоглот на Хрватот Микановиќ.

Звезда после тој гол тргна напред, но во моментите кога доминираше Каират дојде до гол за победа. Голот го постигна играчот кој минатата сезона го носеше дресот на Партизан Багнак на 10 минути пред крајот.

Реваншот е за седум на „Рајко Митиќ“ и во Звезда се надеваат дека ќе го надополнат овој шокантен пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…