Португалецот Карлос Квеирож после осум години поминати на кормилото на Иран одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Квеирож е нов селектор на Колумбија! Хозе Пекерман го напушти селекторското столче на Колумбија после Светското првенство Русија на кое Колумбија стигна до осминафиналето.
Португалскиот селектор најголем дел од својата кариера ја помина водејќи репрезентации, но две години беше помошник и на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Една година помина и на клупата на Реал Мадрид.
Кога се репрезентациите во прашање освен Иран ги водеше Португалија, Јужна Африка, ОАЕ…