Дома Фудбал Поранешниот тренер на Милан се врати во Серија А

Поранешниот тренер на Милан се врати во Серија А

Искусниот Марко Џампаоло се врати во Серија А и тоа на клупата на Лече каде што викендов отказ доби Лука Готи.

Екипата на Лече мина низ турбулентен период и во овој момент се наоѓа на 17. место на табелата и ваквото сценарио беше очекувано.

Џампаоло со Лече потпиша договор до 30 јуни оваа години и ако успее да избори опстанок автоматски ќе му биде продолжена соработката.

Во својата кариера Џампаоло водеше екипи како Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи, Сампдорија и Милан. Сепак, на клупата на „росонерите“ помина само седум натпревари и експресно доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…