Дома Македонски спорт Мак баскет Поранешниот спортски директор жестоко го нападна Антиќ: Никој не сака да работи со пијаници!

Поранешниот спортски директор жестоко го нападна Антиќ: Никој не сака да работи со пијаници!

Репрезентацијата на Македонија претрпе два порази во првите два натпревари во квалификациите за Евро 2021. Прво изгубивме дома од Естонија, а потоа иако бевме блиску до изненадување изгубивме од Русија во Перм.

По овие два порази поранешниот спортски директор во националниот тим Владимир Темелков испрати критики кон претседателот Перо Антиќ и останатото раководство. Тој стави „акцент“ на работата на Антиќ кој го нарекува „Јастребот“.

Темелковски смета дека Антиќ направил грешки со смената на селекторот, одлуката натпреварот со Естонија да не се игра во Гевгелија или Гостивар, вршејќи притисок на судиите (според него) и долгиот пат до Русија.

Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост:

“Тимот што победува не се менува.
Ова не му беше јасно на Јастребот кој што од желба да покаже кој е главен на поклонетата позиција во Мкф го смени селекторот правејки ја првата грешка и мислејки дека тимска хемија се прави преку ноќ со Банани и гумени бомбони.
Давидков кој што 2 едно подруго циклуси освојуваше прва позиција го замени со тренер со елитно европско педигре( Упс или пак така сакаше) но од кога го одбија сите врвни тренери кој ги вети во кампањата зошто нормално никој несака да си има работа со нар*омани и пијаници за работодавци, работата ја дадоа на тренер од Романија.
Втората грешка беше салата за одигрување на настанот.
Наместо да одигра во Гостивар или пак Гевгелија пред полни трибини на вистински врвни кошаркарски фанатици кој што ќе створат идеална атмосфера на комфорт на нашите репрезентативци, а пекол за гостинската екипа, Јастребот додворувајки се на политичарите и мислејки на каде да ја прослави победата, одбра да игра во сала во која едвај продаде 1000 билети( За кој што сеуште не сме ја виделе најавената добротворна донација), сала во која е практично невозможно да се наполни и направи вистинска атмосфера на домашем терен.
Третата грешка ќе не кошта и во иднина а тоа е неговото гракање и пискање по судиите мислејки дека е некој фактор и дека некој ќе му се исплаши, рушејки ја долгогодишната релација со судиите датирајки од 90тите па до неговото гракање, затоа и во Русија кога беше најпотребно судиите свртеа глава.
Четвртата грешка беше 17 часовниот пат кој што Јастребот го претвори во мини приватна забава за неговото јато, наместо да одвои од рекордните 720.000 евра кој што Амс и владата му ги додели и да обезбеди Чартер лет за дечките да бидат свежи и го добијат плус еден тренинг пред мечот.
Но пак ќе повторам не е крив Јастребот тој само едните супстанции ги замени со ” Гумени Бомбони” крив сум јас што се откажав без борба, а да и тие што му дадоа ветер во грб на една забегана птица и Елан да лета и да не води во непознат правец за сите нас, за среќа мислам дека летот на Јастребот ќе трае кратко но за жал со кобни последици…..
Следниот дел ќе биде каде јастребот ги троши државните пари наместо да ја скине котизацијата за клубовите од кога вети дека ќе го стори тоа кога ќе најде спонзор и со кого и во кој стил го прави тоа( Ќе има и интересни материјали за објава“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Четири клуба во Серија А целосно ги стопираа платите: Елмас и Пандев помеѓу погодените!

Пандемијата од коронавирусот го стопираше фудбалот во цела Европа (освен Белорусија). Оваа…