Дома Фудбал Англија Поранешниот играч на Јунајтед: Мегваер не вреди 93 милиони евра

Поранешниот играч на Јунајтед: Мегваер не вреди 93 милиони евра

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер смета дека Хари Мегваер не вреди 93 милиони евра колку што „црвените ѓаволи“ платија на Лестер за неговите услуги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мегваер е трето засилување за Јунајтед кој претходно ги доведе Даниел Џејмс и Арон Ван Бисака.

Англискиот репрезентативец со овој трансфер стана најскапиот дефанзивец во светот.

„Менаџерот Солскјер е под голем притисок. Потребен му е добар почеток на првенството, а потоа ќе мора да го одржи високото ниво“, изјави Паркер и продолжи:

„Управата се обиде да ги замолчи навивачите така што даде 93 милиони евра за дефанзивец кој не вреди толку. Можеме само да се надевам дека тоа ќе има исто влијание како што имаше Ван Дајк во Ливерпул. Меѓутоа не гледам како тоа би било можно“, порача Паркер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…