Дома Фудбал Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот играч на Реал и ПСЖ пристигнува во Серија А

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, Хесе Родригез денес ќе го комплетира трансферот во Сампдорија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хесе веќе е на медицински прегледи во италијанскиот клуб. Клубот е во зоната на испаѓање во Серија А и Сампдорија за него нема да плати ништо. Последнито клуб за кој играше беше турскиот Анкарагучи кој го напушти по 16 одиграни натпревари и пет постигнати голови.

Со Сампдорија Хесе ќе потпише договор до крајот на сезоната со можност да се продолжи на уште една.

Во кариерата претходно настапуваше за Реал Мадрид и двапати ја освои Лигата на шампионите. Вкупно за „кралевите“ постигна 18 голови на 94 натпревари. Во ПСЖ одигра само 18 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Барселона: Флик отпиша една од ѕвездите

Вистинска бомба пристигнува од Барселона. Тренерот на каталонскиот великан, Ханси Флик, ја…