Дома Фудбал Англија Поранешниот играч на Ливерпул победи во најважниот натпревар во неговиот живот! (ФОТО)

Поранешниот играч на Ливерпул победи во најважниот натпревар во неговиот живот! (ФОТО)

0

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Хозе Енрике го доби најважниот натпревар во неговиот живот.

На шпанскиот интернационалец летото минатата година му беше дијагностициран тумор на мозокот и мораше да ја заврши кариерата, а после операцијата и бројните терапии од оваа борба излезе како победник.

Радосните вести дека болеста повеќе ја нема ги објави самиот Енрике на друштвените мрежи.

„Значи, момци денес ги добив најдобрите вести!“, го започна своето обраќање на Инстаграм и продолжи:

„Мојот хрируг др.Симал ме повика откако ги добив последните резултати. Потврди дека се е чисто и изгледа неверојатно. Туморот го нема, а сега одиме продолжуваме и посилно. Им благодарам на сите за поддршката во сето ова“, напиша Енрике и ги израдува сите кои беа покрај него во најтешките моменти.

Секако, ова се фантастични вести кои ќе ги израдуваат навивачите на Ливерпул што може да се забележи и коментарите на објавата на Енрике на социјалните мрежи.

Покрај Ливерпул во својата кариера Енрике во Премиер лигата настапуваше уште за Њукасл, додека во Шпанија го носеше дресот на Сарагоса, Виљареал, Валенсија и Селта Виго.

Денес кога е во пензија повремено се занимава со менаџерската работа со намера да им помогне на младите играчи да направат колку што е можно подобра кариера.

 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винстент Компани ја спасува кариерата на швалерот на Карлеуша

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш кој го привлече вниманието на јавноста со скандалот со фо…