Дома Фудбал Поранешниот германски репрезентативец ќе игра во четврта лига со плата од 2.5 милиони евра

Поранешниот германски репрезентативец ќе игра во четврта лига со плата од 2.5 милиони евра

Веројатно поголемиот дел од фудбалската јавност се сеќава на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Холгер Бадштубер.

Бадуштбер кој со Баерн беше петкратен германски шампион и репрезентативец на Германија денес е член на Штутгарт. Овој фудбалер можеби ќе имаше и многу поголема кариера, но голем проблем му правеа повредите кои скоро и да му ја уништија кариерата.

И во редовите на Штутгарт тој стана вишок и во новата сезона ќе игра за Б-тимот на овој тим кој се натпреварува во четвртата лига. Ваквата информација немаше да привлече големо внимание ако не беше платата на Бадштубер.

Бадштубер во регионалната четврта лига ќе заработува плата од 2.5 милиони евра поради договорот претходно потпишан со Штутгарт. Многу веројатно тој сега е најплатениот фудбалер во една четврта лига во било која земја во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…