Дома Фудбал Поранешен играч на Реал: Помеѓу Крос и Зидан нешто не е во ред

Поранешен играч на Реал: Помеѓу Крос и Зидан нешто не е во ред

Германскиот играч за врска на Реал Мадрид, Тони Крос вчера не настапи за Реал Мадрид, а некои поврзани со него беа предмет на коментирање после натпреварот.

Крос не беше повреден, Зидан ја објасни одлуката како тактичка, но поранешниот играч на Реал, Алваро Бенито смета дека нешто се случува помеѓу Крос и Зидан.

Германскиот играч за врска воопшто не се загреваше, како да знаеше дека нема да игра.

„Не се појави ниту на загревањето, изгледаше како да знае дека нема да игра. Го видов објаснувањето на Зидан за неиграњето на Крос на телевизија и не ми беше убедливо. Чувствувам дека нешто не е во ред помеѓу нив двајца“, изјави Бенито за „Кадена СЕР“.

Дополнително вминание Крос привлече со разговорот со Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…