Дома Трансфер зона Поради само 14 секунди цела полусезона немаше право на настап, сега конечно е се завршено

Поради само 14 секунди цела полусезона немаше право на настап, сега конечно е се завршено

leicester

Минатото лето во финишот од преодниот рок тимот на Лестер поради задоцнување од само 14 секунди остана без планираното засилување.

Андриен Силва во финишот од преодниот рок требаше да биде најголемото засилување на Лестер. Но, оваа приказна подоцна стана една од најинтересните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, Лестер документите за трансфер на овој фудбалер до ФИФА ги испратил 14 секунди по завршувањето на предниот рок и не успеал да го регистира Силва на време.

Поради ова Силва не смееше да игра во текот на првиот дел од сезоната, но редовно тренираше и играше тренинг натпревари. Конечно со првиот ден од 2018 година „лисиците“ и официјално успеаа да го регистрираат овој фудбалер.

За да биде приказната целосно, Силва беше во спремен да настапи на денешниот натпревар против Хадерсфлд, но бидејќи официјално беше регистриран во еден часот по полоноќ документацијата не можеше да биде завршена на време, па ќе дебитира во наредниот натпревар на „лисиците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти го сакаат дефанзивецот на Челзи

Рома и Наполи се силно заинтересирана за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, прене…