Милан веќе почна да работи на засилувањата за следната сезона, а една од примарните цели на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.
Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, па на лето сигурно ќе направи трансфер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Пиоли смета дека Аргентинецот ќе му го донесе потребниот квалитет на средината на теренот бидејќи Де Паул може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Удинезе за неговата слобода бара 40 милиони евра, а Милан сака во зделката да го вклучи и Петер Хауге.
Имено, „росонерите“ нудат кеш плус Петер Хауге, кој оваа сезона постигна 8 гола и покажа дека е голем талент.