Дома Фудбал Англија Понижување од англиските навивачи за Мегваер

Понижување од англиските навивачи за Мегваер

Репрезентацијата на Англија вчера во последното коло од Лигата на Нации одигра 3:3 против Германија.

Англија во ова издание од Лигата на Нации е најголемото разочарување бидејќи никој не очекуваше оваа селекција да испадне во Лигата Б. Во групата покрај Англија беа Германија, Италија и Унгарија и очекувањата беа Англичните да се борат за првото место, но на крајот завршија последни и тоа без ниту една победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вчерашниот натпревар против Германија се играше на „Вембли“, но Англија не можеше да дојде до победата. Иако направија одличен пресврт откако губеа со 2:0 на крајот Германија во самиот финиш со голот на Хаверц дојде до 3:3.

Навивачите немаа милост кон играчите, а посебно на мета беше Хари Мегваер. Мегваер долго време е критикуван за настапите во Манчестер Јунајтед. Вчера дефанзивецот доби свирежи уште пред почетокот на натпреварот на загревањето.

Ситуацијата за него дополнително се влоши кога во 52. минута направи пенал. Мегваер претходно поради лошите настапи го изгуби местото во Манчестер Јунајтед, меѓутоа Герет Саудгејт очигледно уште му верува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски испрати емотивна порака до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум таму!

Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светско…