Дома Фудбал „Пол Сколс беше подобар од сите, па дури и од Кристијано Роналдо“

„Пол Сколс беше подобар од сите, па дури и од Кристијано Роналдо“

Кристијано Роналдо без дилеми е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Неверојатниот Португалец класата ја докажа во Манчестер Јунајтед, а потоа продолжи во Реал Мадрид и сега во Јувентус.

Сепак, за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Американецот Џонатан Спектор, на Олд Трафорд имало и подобри.

Спектор на Олд Трафорд пристигна во 2004. година. Играше со многубројни врвни фудбалери, но без никакви дилеми тврди дека Пол Сколс на теренот бил класа пред сите, па дури и пред Роналдо.

„Имав среќа да играм со некои од најдобрите фудбалери на сите времиња и многу научив од нив. Би било лесно да кажам дека најдобар е Роналдо, но ќе бидам искрен и ќе кажам дека Пол Сколс беше најдобриот играч со кој сум играл.“ – изјави Спектор.

За разлика од Роналдо и Сколс, Спектор не остави голем трах на Олд Трафорд. Одигра само осум натпревари во три сезони, а после тоа настапуваше за Вест Хем, Бирмингем и Орландо Сити.

Неодамна 33-годишниот дефанзивец се врати на Островоти потпиша договор со шкотски Хибернијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …