Дома Фудбал Англија „Полицајците го шутираа Мегваер и му велеа дека кариерата му е готова“

„Полицајците го шутираа Мегваер и му велеа дека кариерата му е готова“

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер на 21-ви август беше уашсен на Миконос после физичка пресметка со грчката полиција.

Дефанзивецот беше приведен, а потоа беше пуштен да се брани од слобода, а целиот случај со полицијата го презедоа неговите адвокати.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Судот ја одбил молбата на адвокатите и судењето започна на островот Сирос. Адвокатот на Мегваер Алексис Анагностакис изјави дека вечерта на 21 август двајца Албанци и ставиле некаква супстанца во пијалакот на сестрата на фудбалерот по што таа се онесвестила.

Тие повикале итна помош, но наместо тоа на местото пристигнале полицајци кои го упасиле Мегваер и неговите двајца другари.

Обвинителот рекол дека Мегваер откако бил спроведен во полициската станица се обидел да ги поткупи полицајците.

„Знаете ли вие кој сум јас? Јас сум капитен на Манчестер Јунајтед, многу сум богат, можам да ви дадам пари. Ќе ви платам, само ве молам веднаш да не пуштите“.

Адвокатот на фудбалерот по овие зборови ја обвинил другата страна дека полицајците го удирале по ногата неговиот клиент и му велеле дека „кариерата му е завршена“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…