Маурисио Покетино не влезе во списокот на петмината најдобри тренери номинирани за Најдобар тренер во Лига 1, иако ја освои титулата со ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова е голем удар за Покетино кој ја освои титулата со ПСЖ и тоа четири кола пред крајот на првенството.
Номинирани за Најдобар тренер на сезоната се: Кристоф Галите (Ница), Хорхе Сампаоли (Марсеј), Бруно Женесио (Рен), Жулиен Стефан (Страсбург) и Антоан Комбуаре (Нант).
Покетино доби многу критики после елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони, а освојувањето на Лига 1 не му се припишува како успех со оглед на фактот дека располага со супериорен тим.