Фудбалерите на Тотенхем вчера на „Вембли“ во рамките од 1/8 финалето во Лигата на шампионите беа поразени од Јувентус со резултат 2:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бидејќи во првиот натпревар резултатот гласеше 2:2, вчерашниот пораз значеше елиминација, поради тоа разочаран беше тренерот на Спарсите, Маурисио Покетино.
„Заслуживме повеќе, бевме подобар тим. Покажавме повеќе во двата натпревари, меѓутоа примивме два погодоци за помалку од три минути и испаднавме поради две големи грешки. Таков е фудбалот. Победите и поразите се нормална работа, посебно во Лигата на шампионите, јас сум горд на фудбалерите и играчите“, додаде Покетино.
Аргентинецот на крајот порача дека играњето во Лигата на шампионите било убаво искуство за него и неговиот тим.