Маурисио Покетино беше еден од бројните гости на гала вечерта во Милано каде ФИФА ги бираше најдобрите за минатата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синоќа беа доделени неколку награди, а помеѓу другите, за најдобар играч беше избран Лео Меси, додека за најдобар тренер Јирген Клоп.
Покетино имаше успешна сезона со Тотенхем и беше во конкуренција за тренер на годината, а новинарите ја искористија приликата да го прашаат дали ќе биде тренер на Реал Мадрид.
„Тренер на Реал Мадрид? Можеби една година.“ – одговори низ смеа Покетино.
Тој и претходно се поврзуваше со Реал и сега се смета за еден од потенцијалните наследници на Зинедин Зидан.