Дома Фудбал Покетино го шокира светот со изборот на новиот клуб

Покетино го шокира светот со изборот на новиот клуб

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино би можел да направи големо изненадување со изборот на новиот клуб.

Имено, еминентниот „Екип“ тврди дека Покетино би можел да се врати во Шпанија и да седне на кормилото на Атлетик Билбао.

Јасно е дека на крајот на сезоната ПСЖ ќе се раздели со Аргентинецот, кој се поврзуваше со неколку клубови од Премиер лигата.

„Екип“ тврди дека Билбао веќе стапил во контакт со Покетино и сака да го донесе во Баскија.

Покетино исто така е подготвен за ваков предизвик и сака да се врати во Шпанија, особено ако Билбао избори пласман во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матета во петгодишен правен спор: Поранешниот адвокат бара 540.000 евра

Поранешниот застапник на напаѓачот на Кристал Палас бара исплата поврзана со договорот во …