Дома Фудбал „Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на Росонерите беа бесни по елиминацијата.

Милан не игра според очекувањата на последните неколку натпревари, а во првенството ги очекуваат натпревари со Интер и Јувентус. Титулата е загубена и треба чудо да се случи Интер да не ја освои.

Поради сето ова навивачите на Милан се разочарани, Лигата на Европа беше последна шанса, но по испаѓањето се случи ситуација која не е ретка во италијанскиот фудбал.

Фудбалерите на Милан мораа да застанат пред трибината, а навивачите на Милан скандираа:

“Покажете му*а!”

Дефинитивно по оваа елиминација во Милано нема да прифатат ништо освен победа во градското дерби со Интер викендов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го запре Халанд, го крена Брајтон: Вушковиќ веќе го поврзуваат со Ливерпул

Деветнаесетгодишниот хрватски стопер е важен дел од одличниот старт на Брајтон, а „Билд“ п…