Дома Фудбал Познат распоредот на Македонија во Лигата на Нации

Познат распоредот на Македонија во Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ги доби противниците за новото издание на Лигата на Нации, а ждребот може да се каже дека беше поволен за нашата селекција.

Македонија во Лигата „Ц“ ќе игра во иста група со Ерменија, Летонија и Фарски Острови, па јасно е дека наша главна цел ќе биде првото место во оваа конкуренција.

Сега познат е и распоредот на натпреварите. Лигата на Нации стартува во септември, а тој месец на 7-ми ние стартуваме со натпревар на гости против Фарски Острови. Последниот натпревар го играме на 11-ти ноември исто така против Фарски Острови, но на домашен терен.

РАСПОРЕДОТ НА МАКЕДОНИЈА:

Фарски Острови – Македонија (7.9.24 – 15 часот)

Македонија – Ерменија (10.9.24 – 20:45 часот)

Летонија – Македонија (10.10.24 – 20.45 часот)

Ерманија – Македонија (13.10.24 – 18 часот)

Македонија – Летонија (14.11.24 – 20:45 часот)

Македонија – Фарски острови (17.11.24 – 15 часот)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел лут пред Шпанија: Ми ги извртеа зборовите за расизмот!

Наместо дуелот во Мадрид, во фокусот се најдоа изјавите за расизмот. Тухел тврди дека е по…