Дома Фудбал Англија Познато што си кажаа Мурињо и Лампард во расправијата покрај аут линијата

Познато што си кажаа Мурињо и Лампард во расправијата покрај аут линијата

Покрај тоа што отиде по Ерик Дајер во тоалет (тука), Мурињо во вчерашниот натпревар против Челзи се најде и во уште една интересна ситуација.

Мурињо крај аут линијата влезе во расправија со Френк Лампард. Ова беше малку чудно да се види затоа што двајцата во минатото соработуваа кога Лампард играше за Мурињо. По натпреварот е познато и што си кажаа.

„По ѓаволите Френк, кога губиш со 3:0 не стоиш тука покрај аут линијата“, му кажа Мурињо на Лампард помеѓу другото. Жозе тука алудираше на натпреварот против ВБА за викендот во кој Челзи губеше со 3:0, но сепак на крајот стигна до 3:3.

За нивниот дуел по натпреварот зборуваше Лампард.

„Искрено, имавме малку забава покрај аут линијата. Навистина имам добар однос со Жозе. Јас само му кажав дека повеќе зборува со судиите отколку со неговите играчи. Имам респект кон него, се беше добро на крајот и тоа нема да се промени“, изјави Лампард.

Дека нема проблеми помеѓу нив потврди и Мурињо.

„Не треба да бидеме протагонисти на овој начин. Кога пред некој ден губеа со 3:0 бев тажен затоа што Френк беше потиштен и мирен на клупата. Знам дека не треба да му кажувам ништо, до сега покажа дека е одличен тренер“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ЛШ: Баерн убедлив, Ливерпул тешко до победа, Лукаку за реми на Интер, Сити сигурен, супер Аталанта! 🎥

Вечерва се комплетираа натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите. Во натпреварот…