Дома Фудбал Познато уште колку време ќе паузира Азар

Познато уште колку време ќе паузира Азар

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар моментално се рехабилитира од повреда и нема да настапи на следните два меча на „кралевит“, пренесува „АС“.

Најскапата летна аквизиција на Реал ќе ги пропушти натпреварите со Ваљадолид на 24-ти август и со Виљареал на 1-и септември.

Претходно, Азар поради повреда на колкот не играше на средбата од 1-то коло на Примера против Селта.

Азар ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ за 115 милиони евра, но се уште го нема официјалното деби во „кралскиот“ дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елче – Атлетико Мадрид 2:3: Алварез го реши лудиот прв дел, Атлетико на два бода зад Барселона

Атлетико Мадрид во 14. коло од Ла Лига славеше со 3:2 на гостувањето кај Елче. Грималдо, Л…