Дома Фудбал Останато Познато со која брзина трчал Траоре во спринтот со кој го воодушеви фубалскиот свет

Познато со која брзина трчал Траоре во спринтот со кој го воодушеви фубалскиот свет

Тимот на Вулверхемптон има за што жали по четвртфиналето во Лигата на Европа.

Англискиот тим доживеа пораз од 0:1 од Севиља, но при резултат 0:0 на почетокот на мечот пропуштија голема прилика да стигна до водство.

Адама Траоре имаше неверојатен спринт после кој изнуди пенал, меѓутоа Раул Хименез не ја реализираше најстрогата казна.

Траоре во спринтот уште еднаш ја покажа својата неверојатна брзина и претрча цели 70 метри. Тој спринт ги воодушеви фудбалските фанови и привлече големо внимание, па затоа брзо пристигнаа детали за него.

Реномираниот „ЕСПН“ пренесе дека Траоре за време на спринтот достигнал брзина од приближно 37 километри на час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…