Дома Фудбал Познато кој ќе го наследи Тите на кормилото на Бразил

Познато кој ќе го наследи Тите на кормилото на Бразил

Бразил остана без селектор, откако Тите реши да се повлече после раната елиминација на Мундијалот во Бразил.

„Кариоките“ беа главни фаворити на Светското првенство, но беа елиминирани во четвртфиналето, па Тите ја понесе одговорноста.

Како главен кандидат за наследник на Тите се споменува 43-годишниот тренер Абел Фереира.

Фереира своевремено беше тренер на вторите екипи на Спортинг и Брага, го водеше и ПАОК, а успеси почна да бележи на клупата на Палмеирас.

За само две години со Палмеирас ја освои бразилската Серија А, Купот, двапати Копа Либертадорес, Рекопа Судамерикана, Паулиста и беше вицешампион на Светското клупско првенство на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик го остави Бруно на клупа по јавните критики за тактиката!

Фернандеш не е стартер против Борнмут, откако ја доведе во прашање тактиката при поразот о…