Дома Фудбал Познато колку пари ќе добие Португалија од Лигата на нации

Познато колку пари ќе добие Португалија од Лигата на нации

На завршниот фајнл-фор во Лигата на нации победник беше Португалија, која го освои првиот трофеј во новоформираното натпреварување на УЕФА.

Фудбалската федерација на Португалија ќе добие 10,5 милиони евра награда од УЕФА за триумфот во првото издание од Лигата на нации.

Како што објави Европската фудбалска централа, финалистот на турнирот, репрезентацијата на Холандија ќе добие девет милиони евра.

Третопласираната Англија заработи осум, додека на Швајцарија која го освои 4.место ќе и бидат префрлени седум милиони евра.

Во овие суми влегуваат и 4,5 милиони кои им беа гарантирани на учесниците на завршниот турнир во Португалија, како победници во четирите групи од А-дивизијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…