Дома Кошарка Познато колку време ќе паузира Теодосиќ

Познато колку време ќе паузира Теодосиќ

Српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ, поради повредата на стапалото би можел да отсуствува од терените цели два месеци.

Теодосиќ се повреди синоќа на натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Феникс, а неговиот тим соопшти дека се уште не е познато колку тој ќе отсуствува од терените, ниту пак колку е сериозна повредата.

Некогашниот играч на Олимпијакос и ЦСКА Москва го повреди лигаментот кој ги врзува петицата и прстите во ногата.

Иако клубот не соопшти ништо, американските медиуми шпекулираат дека српскиот репрезентативец ќе паузира нешто повеќе од два месеци и дека на теренитие ќе се врати по Нова година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нено ја носи формата од Арис во репрезентацијата, Еврокупот ја истакна неговата визија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на репрезентативните подготовки со просек од 5,2 асистенции…