Дома Трансфер зона Познато колку Барселона нуди на Лајпциг за Олмо

Познато колку Барселона нуди на Лајпциг за Олмо

Каталонскиот „Ел Национал“ тврди дека Барселона спрема понуда од 30 милиони евра за Дани Олмо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лајпциг, клубот кој минатата година го доведе Олмо за 22 милиони евра со бонуси минатото лето одби двојно поголема понуда. Меѓутоа, Олмо после исцрпувачкото лето со шпанската репрезнетација и заработената повреда имаше пад на цената.

Ситуацијата околу Олмо ја следи и Динамо Загреб затоа што хрватскиот клуб има процент од следниот негов трансфер. На Динамо му припаѓа 20% од разликата на трансферот, во овој случај ако Барселона го купи за 30 тогаш Динамо ќе добие 1.6 милион евра.

Британските медиуми наведуваат дека Олмо има голема желба за потпис со Барселона, но има и друга опција, а тоа е Манчестер Јунајтед кој е заинтересиран за шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…