Дома Фудбал Останато Познато кога Флик ќе стане тренер на Барса, откриени и детали од догворот

Познато кога Флик ќе стане тренер на Барса, откриени и детали од догворот

Ханси Флик во понеделник ќе стане нов тренер на Барселона!

Чави Ернандез во недела за последен пат во Севиља ќе ја води својата Барселона, по што и официјално ќе добие отказ, како штo се најавува во изминатите денови.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Жерар Ромеро, Фабрицио Романо, Гиљем Балаг и Флоријан Плетенберг како едни од најрелевантните извори тврдат дека Флик ќе биде именуван во понеделник и дека ќе потпише двегодишен договор, но по принцип 1+1.

Поточно останувањето на Флик на клупата во втората сезона 2025/26 ќе зависи од резултатите во сезоната која следи.

Во исто време, Флик ги прифати сите услови на Барса, финансиски не барал нешто посебно од понуденото, но побарал со него да го понесе и целиот свој стручен штаб со кој соработува во кариерата.

Флик е познат како тренер кој форсира брза игра со многу трчање, но бара и физичка подготвеност од играчите, што веројатно ќе биде една новост во Барселона.

Чави од друга страна според информациите е разочаран и тажен бидејќи до пред само еден месец клубот го и јавно го убедуваше да остане на клупата и следната сезона. Кога се беше решено и тој прифати, работите се промениле поради негова изјава за финансиската состојба по натпреварот со Алмерија пред две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во соблекуалната на Србија имало драма: Павловиќ колабирал – го враќале во живот!

Вистинска драма се случувала во соблекувалната на Србија на полувремето од натпреварот со …