Дома Фудбал Италија Познато кога се враќа Мењан

Познато кога се враќа Мењан

Голманот на Милан, Мајк Мењан веќе подолго време е надвор од терените поради повреда, а сега е познато кога ќе се врати на голот на „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мењан се повреди во септември и иако се очекуваше дека побрзо ќе се опорави, сепак повредата се покажа потешка од предвиденото.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Французинот е блиску до враќање на терените и се очекува да застане на голот на мечот против Монца на 18 февруари.

Тоа значи дека Мењан ќе го пропушти првиот дуел со Тотенхем во Лигата на шампиони на 14 февруари, а тоа сигурно ќе биде хендикеп за „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е неверојатен, со својот развод ги мотивирал фудбалерите на полувремето против Јувентус

Пеп Гвардиола, прочуениот шпански стручњак, ја искористи својата лична животна приказна за…