Дома Трансфер зона Познато каде Левандовски ќе ја заврши кариерата

Познато каде Левандовски ќе ја заврши кариерата

Роберт Левандовски со години е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а ова лето се пресели во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После долги години во Баерн Минхен, полскиот напаѓач сакаше да ја промени средината и направи трансфер во Барселона каде потпиша договор до 2026 година.

Левандовски веќе размислува за следниот трансфер и тоа во американската МЛС лига, откри поранешната портпаролка на полската репрезентација Моника Бондарович.

„Јас сум убедена дека Левандовски после Барселона ќе оди во САД. Затоа и јас организирав еден куп интервјуа со него во американските медиуми од Њујорк Тајмс преку Спортс Илистрејтед до СИ-БИ-ЕС. Силата на едно име се гради однапред, пред да ја продолжите кариерата во таа земја, а не кога веќе ќе дојдете“, рече Бондарович.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…