Дома Фудбал Англија Познато зошто Мурињо нема да седне на клупата на Арсенал

Познато зошто Мурињо нема да седне на клупата на Арсенал

0

Веќе неколку недели англиските медиуми шпекулираат дека Мурињо може да биде назначен за нов тренер на Арсенал, но најверојатно од тоа нема ништо.

Португалецот имал разговор со раководството на „топџиите“, но три причини пресудиле за клубот да донесе таква одлука.

Првата е фактот што Мурињо важи за дефанзивен тренер, а Арсенал сака да продолжи офанзивно, па Португалецот не би бил добар избор за таква тактичка поставеност на екипата.

Втора причина е проблемот кој Мурињо го има со медиумите, односно се плашат дека би можела јавноста да се сврти против Арсенал и да направи дополнителен притисок.

И трета причина е структурата на клубот. Во Арсенал улогите се поделени и Мурињо нема да може да има директно влијание на ангажирање на фудбалери, а тоа сигурно ќе создаде проблеми.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се огласи Роналдо: Не сум добро, јас сум многу добро!

Кристиано Роналдо за прв пат пред медиумите се огласи по моментот од натпреварот против Ми…