Дома Фудбал Италија Познати сите детали од договорот меѓу Јувентус и Сари!

Познати сите детали од договорот меѓу Јувентус и Сари!

Сите еминентни медиуми во Италија тврдат дека е постигнат договор, Маурицио Сари го напушта Челзи и ќе се пресели во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Торино ќе го превземе досегашниот тренер на Челзи, Маурицио Сари кој на клупата на шампионот на Италија ќе го наследи Масимилијано Алегри.

Преговорите помеѓу Јувентус и Челзи завршиле успешно. Лондонскиот клуб ќе го ослободи Сари од менаџерската должност за сума од три милиони фунти.

Се очекува денес 60 годишниот стратег да биде именуван за нов тренер Јувентус, а медиумите ги открија сите детали од соработката.

Сари со Јувентус ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона, а познат е и неговиот тим.

Сари во Торино ќе пристигне со тимот на помошници со кои работеше во Челзи и Наполи – Паоло Бартели, Лука Готи и Марко Иани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Момент кој направи разлика: Нико Вилијмас немаше да ја стигне топката, ако Молина не го туркаше (Видео)

Фудбалската репрезентација на Шпанија го освои финалето на Светското првенство совладувајќ…