Французинот Беноа Пер уште еднаш го шокираше тенискиот свет со своето однесување.
Французинот во овој момент е на 123-то место во светот, а загуби од Педро Мартинез во Малага, во меч во кој изведе неколку бизарни потези.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Пер во неколку наврати незаинтересирано ја погодуваше топката, не трчаше, за многу топки не се ни помести, само ги проследи, а не пропушти ниту да го фрли рекетот.
При резултат 6:0, 4:2 реши дека тоа му е доволно – му го предаде мечот на Шпанецот, кој се пласираше во осминафиналето.
Многумина на социјалните мрежи по објавената снимка го обвинија за неспортско однесување, поединци и за местење натпревари.
Special effort by our beloved Benoit today pic.twitter.com/DWO6tD8dTJ
— Stefano Berlincioni (@Carretero77) October 9, 2023
Ова не е првпат Пер да има испади. Да се потсетиме само на Олимписките игри во 2016 година кога беше исфрлен од репрезентацијата поради недолично однесување. На турнирот во Вашингтон беше казнет затоа што седум пати го скрши рекетот.
Тој уште еднаш беше исклучен од олимпискиот тим во 2021 година поради критикување на Австралија опен, опишувајќи го како „срамно“ поради условите во карантин.
Имаше многу вакви натпревари, на кои не покажа никаков труд и желба, во текот на кариерата, во која најдобриот пласман го имаше во 2016 година, кога беше 18-ти во светот.