Дома Фудбал Англија Познатиот англиски клуб ќе остане без пари ако сезоната не продолжи

Познатиот англиски клуб ќе остане без пари ако сезоната не продолжи

Коронавирусот ги запре сите спортски случувања ширум светот, па така и фудбалот во Англија. Многу клубови сега се наоѓаат во незавидна позиција и очекуваат сезоната да продолжи.

Барнли е еден од клубовите кој може многу да изгуби ако сезоната не продолжи. Тие преку својот официјален канал објавија дека ако сезоната не продолжи ќе изгубат 50 милиони евра.

Мајк Гарлик, сопственикот на Барли се надева дека одлуката за продолжување на првенството ќе се донесе брзо.

„Ако оваа сезона не ја завршиме и не биде одлучено кога ќе почне новата, ние во август ќе останеме без пари. Тоа е факт“.

Медиумите проценуваат дека други клубови ќе изгубат многу повеќе, меѓутоа сопственикот на Барнли не е запознаен со ситуациите во други клубови.

„Не можам да зборувам во другите клубови. Не знам како стојат финансиски. Можам да зборувам за нашата ситуација. Поради тоа секако дека сакам да ја завршиме сезоната кога ќе ббиде сигурно. Тоа ќе биде најдобро за сите клубови во Премиер лигата“, изјави првиот човек на Барнли.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марсело покажа како изгледа неговото тело по изолацијата (ФОТО)

Mногу фудбалери ја искористија домашната изолација за да работат на нивната физичка форма.…