Манчестер Јунајтед ова лето го доведе 18-годишниот дефанзивец од Лил, Лени Јоро кој се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.
За разлика од Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед ја понуди бараната сума од Лил, фудбалерот најпрво одбиваше да потпише за англискиот клуб, но подоцна прифати.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Според „Марка“, талентираниот Французин, за кого „црвените ѓаволи“ платија 52 милиони фунти, добил понуда за плата од 2,5 милиони евра од Реал Мадрид, а понудата на Јунајтед беше многу поголема – 9,5 милиони евра.
Кралскиот клуб на крајот одби да понуди повеќе и Јоро прифати да се пресели на „Олд Трафорд“.
Французинот немаше среќа на почетокот на кариерата во Јунајтед бидејќи заработи сериозна повреда за време на претсезонскиот период со Арсенал, а потоа беше опериран и ќе биде на опоравување најмалку три месеци.