Дома Трансфер зона Позната најголемата желба на Чави

Позната најголемата желба на Чави

Барселона е силно заинтересирана за Жоао Кансело, и Чави го посочил како приоритет до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После заминувањето на Осман Дембеле, Барселона се насочува кон трансфер на Португалецот и веќе преговорите се во напредна фаза.

Португалецот Кансело е во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој во јануари го прати на позајмица во Баерн Минхен, и по одлуката Кајл Вокер да остане на „Етихад“ јасно е дека за него нема повеќе место во тимот.

Двете страни се блиску до договор и се очекува Кансело да биде играч на Барселона, но каталонскиот клуб има проблем со регистрацијата на нови играчи.

Лимитот за плати е веќе поминат, па Барса прво мора да се ослободи од негов фудбалер за да го доведе Кансело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…