Дома Фудбал Останато Погледнете како 12 годишниот џин од Севиља ги понижува своите противници (ВИДЕО)

Погледнете како 12 годишниот џин од Севиља ги понижува своите противници (ВИДЕО)

0

Фотографијата од првенството на Шпанија за генерација до 12 години која се појави пред неколку дена стана хит на интернет.

Имено, во натпреварот помеѓу Севиља и Виљареал две момчиња беа во дуеал, а според таа фотографија никој не би кажал дека момчето во дрес на Севиља има 12 години.

Тоа момче се вика Ибрахим Сов и дефинитивно заслужува за него да се каже нешто повеќе.

Тој оваа сезона постигна дури 29 голови во првенството, а голот кој го постигна нешто порано овој месец во натпреварот против Реал Бетис доволно зборува за неговите квалитети.

Во Севиља пристигна во 2018 година од Малага. Од тогаш доминираше во повеќе натпревари, а Севиља на својата страница го опиша како фудбалер кој ќе биде ѕвезда во иднина и очекувањата се да заигра за првиот тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса јавно му соопшти на Ракитиќ: Тој повеќе не е во нашите планови!

Иднината на Иван Ракитиќ веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после о…