Дома Фудбал Погледнете зошто Чави доби директен црвен картон

Погледнете зошто Чави доби директен црвен картон

ПСЖ загуби со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на домашен терен, но во реваншот во Шпанија ја совлада Барса со 4:1 и се пласира во полуфиналето со вкупен резултат 6:4.

Парижаните последен пат играа во полуфиналето во 2021 година, додека тоа ќе биде прво полуфинале за Борусија од 2013 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона фантастично го отвори натпреварот и поведе со голот на Рафиња во 12. минута, но ситуацијата на теренот се промени кога Араухо доби црвен картон во 29. минута.

ПСЖ умешно ја искористи бројчаната предност и до полувремето најпрво израмни со голот на Дембеле (40.), а потоа на почетокот на вториот дел направи пресврт со головите на Витиња (55.) и Мбапе (60.) од 11 метри. Мбапе ја заврши приказната во 89. минута.

Во 55. минута исклучен беше тренерот на Барселона Чави. По еден прекршок на центарот за ПСЖ, Чави дивееше на теренот и шутна реклама од Лигата на шампионите токму пред четвртиот судија. Романскиот судија Ковач веднаш му покажа црвен картон и го испрати на трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…