Дома Фудбал Погба: Јас се уште сум фудбалер!

Погба: Јас се уште сум фудбалер!

Францускиот фудбалер Пол Погба кој поради допинг доби суспензија од четири години порача дека се уште не се откажал од играњето на фудбал и верува дека ќе се врати на терените.

Многумина сметаа дека четиригодишната суспензија за Погба за него значи и крај на кариерата, сепак, тој не се сложува.

„Јас се уште сум фудбалер. Ги игнорирам оние кои зборуваат дека сум пензиониран и кариерата ми е завршена…ќе се борам да продолжам и сум оптимист. Не сум готов. Напорно тренирам и ќе ви потврдам дека 100% уште сум фудбалер. Со нетрпение чекам повторно да бидам на теренот“, изјави Погба.

Неодамна се појавија изјави на Погба од едно негово интервју во кое зборува како е емотивно скршен, меѓутоа набрзо Французинот објасни дека станувало збор за исечоци кои биле извадени од контекст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…