Дома Фудбал Англија Погба: Солскјер ни дава слобода, ние уживаме и го даваме најдоброто од себе

Погба: Солскјер ни дава слобода, ние уживаме и го даваме најдоброто од себе

0

Французинот од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба вчера предизвика бура од реакции со својата изјава дека секој фудбалер сонува еден ден да заигра за Реал Мадрид (тука).

Откако крена прашина со тој коментар Погба потоа се обиде да ја смири ситуацијата со зборување за Манчестер Јунајтед и иднината на Оле Гунар Солскјер.

„Во што беше проблемот со Мурињо? Не победувавме. Поради тоа и клубот одлучи да го промени. Ако победувавме и имавме добри резултати тој ќе останеше на таа позиција“, изјави Погба.

Погба потоа потенцираше дека сите во клубот сакаат Солскјер да остане.

„Нормално дека сакаме да остане, тоа е нешто за кое нема потреба да се зборува, зборуваат резултатите сами за себе. Мојот однос со Оле е одличен, така е и со останатите фудбалери. Солскјер заслужува да биде тренер на овој клуб, успеа да ја врати самодовербата на нас играчите за краток временски период. Со него имаме слобода, уживаме и го даваме најдоброто од себе“, изјави Погба.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…