Дома Фудбал Погба се враќа на теренот!

Погба се враќа на теренот!

Францускиот фудбалер за врска Пол Погба оваа недела се враќа на тренинг во Манчестер Јунајтед.

Овој фудбалер не игра веќе неколку месеци, а оваа сезона запиша само осум натпревари во сите натпреварувања.

Најскапиот играч во историјата на Манчестер Јунајтед има проблем со повреда на коленото, но се чини дека конечно се е решено и може да се врати на тренинг.

Претходно се најавуваше дека веројатно ќе биде спремен за дербито на Манчестер кое е на програмата на 8. март и кое може да биде одлучувачко за сезоната на Јунајтед во ПЛ. Клубот се бори да го стигне Челси и Лестер на 4 и 3 место за да обезбеди пласман во ЛШ, а евентуален пораз во дербито би бил голем чекор назад.

Освен проблемите со повредата, сезоната на Погба повторно ја обележија низата трансфер шпекулации кои и денеска не престануваат па ќе биде интересно да се види како сето тоа влијаело на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…