Дома Фудбал Погба проговори за иднината: Сакам да се борам за трофеи!

Погба проговори за иднината: Сакам да се борам за трофеи!

Иднината на Пол Погба е гпамна тема во медиумите на Островот бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната.

Французинот истакна дека за него е од големо значење клубот за кој настапува да се бори за трофеи.

Тој го потврди разочарувањето од резултатите на „црвените ѓаволи“ каде сигурно заминува на крајот на сезоната.

„Сакам да се борам за трофеи, а во последните неколку сезони не освоивме ниту еден трофеј. Тоа е тажно. Сезоната за нас е завршена, иако практично не е завршена, бидејќи не можеме да се бориме за трофеи“, изјави Погба.

Медиумите пренесуваат дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и е главен фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…