Дома Фудбал Погба: Не сме на нивото на Ливерпул

Погба: Не сме на нивото на Ливерпул

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба е оптимист пред натпреварот против Ливерпул во недела и верува дека Манчестер Јунајтед може да победи.

Јунајтед славеше на девет од последните 11 натпревари и во овој момент „црвените ѓаволи“ се лидери во Премиер лигата со три бода повеќе од актуелниот шампион Ливерпул.

„Многу напредувавме и напредуваме секој ден. И понатаму имаме многу млад тим. Очигледно не можеме да кажеме дека сме на исто ниво како и тие, тие ја освоија Премиер лигата. Во оној момент кога ќе ги победиме на теренот ќе можеме да кажеме дека сме на исто ниво. Ако сакаш да бидеш најдобар, мораш да ги победиш најдобрите“.

„Свесни сме колку добро играат во последните неколку години. Знаеме колку се квалитени и како играат. Секогаш е тежок меч со нив, мораме да се фокусираме и да ја задржиме лидерската позиција“, изјави Погба.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Јунајтед се игра во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…