Дома Фудбал Англија Погба не се извлече: Мурињо го казни Французинот!

Погба не се извлече: Мурињо го казни Французинот!

pogba mou

Францускиот репрезентативец и играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е казнет за изјавата после натпреварот против Вотфорд преку која директно го критикуваше тренерот Жозе Мурињо.

Погба после ремито против Вотфорд (1:1), на „Олд Трафорд“ изјави дека Манчестер Јунајтед мора да игра повеќе офанзивно на домашен терен, а набрзо стигна и реакција од Мурињо кој очигледно се почуствува критикуван во таа позиција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „ЕСПН“, Мурињо одлучил Погба повеќе да не биде капитен додека тој е тренер на Јунајтед. Ќе потсетиме, Погба беше капитен додека Антонио Валенсија беше повреден, но според „ЕСПН“ тоа повеќе нема да биде така.

Истиот извор наведува и дека Мурињо ваквата одлука им ја соопштил и на останатите играчи.

Иначе, ова не е прв пат да се пишува за нетрпеливост помеѓу Погба и Мурињо, а кон крајот на минатата сезона Погба поради слични изјави седеше на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…