Дома Фудбал Погба конечната одлука ќе ја донесе во април

Погба конечната одлука ќе ја донесе во април

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба нема до донесе конечна одлука за својата иднина пред април, пренесува „АС“.

Договорот на Погба истекува во јуни 2022 година и раководството на Манчестер Јунајтед го притиска Французинот да даде конечен одговор дали ќе ја продолжи соработката.

Меѓутоа, тоа нема да се случи до пред крајот на сезоната, па „црвените ѓаволи“ ќе треба да ја чекаат одлуката дали ќе си замине како слободен агент.

Многу европски гиганти ја следат ситуацијата со 28-годишниот Французин и сакаат да го донесат без обештетување следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе се договорил со Скот? Целта е потпис уште на 1 јануари

Според Сајмон Филипс, Челси има усна согласност со Алекс Скот за личните услови, но за јан…